Главчев: Со Мицкоски исто мислиме, дека односите треба да се вратат на ниво од 2017-та

Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев денеска на влегувањето пред НАТО Самитот проговори и за Северна Македонија. Притоа тој соопшти дека вече разговарал со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски со кого споделиле исто мислење – дека треба да се намалат тензиите и да се нормализираат односите.
Тој додава дека нема ништо поубаво и подобро од добри односи со соседите.
„И двајцата истото го мислиме, но ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи, за нас може да се каже и дека сме повеќе од соседи со Северна Македонија. Треба да се развие економијата, како и сите други аспекти“, вели Главчев.
Место фотографијата со Главчев Мицкоски сепак ја објави фотографијата со италијанската премиерка Џорџа Мелони.