Германските бензински пумпи ќе смеат само еднаш дневно да ги зголемуваат цените на горива
Германскиот парламент денеска донесе пакет мерки за спречување на растот на цените на горивата, а главната мерка е забрана за повеќекратно зголемување на цените во еден ден, како и зголемување на ингеренциите на Канцеларијата за борба против картелите за контрола на движењето на цените на горивата.
На бензинските пумпи ќе им биде дозволено само еднаш дневно и тоа попладне да можат да ги зголемат цените, додека нивно намалување е дозволено повеќе пати во еден ден.
Пакет мерките треба да бидат изгласани и во парламентите на сојузните покраини, а во сила да стапи пред велигденските празници.