Германската министерка за Европа, Ана Лирман, утре во Македонија


Ана Лирман

 

Еден ден пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје германската министерка за Европа, Ана Лирман, ќе има разговори со македонското раководство. Посетата доаѓа и десетина часа по изборот на новата влада.

Лирман пред еден месец, само неколку дена по изборот на новата германска влада, имаше средба со вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров. Тоа беше прва нејзина средба со некој странски претставник. На таа средба Лирман му рекла на Димитров дека Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори, поради што нејзиното дејствување ќе биде решително насочено кон остварување на оваа заедничка стратешка цел.

Ана Лирман, како и министерката за надворешни работи Аналена Бербок, доаѓа од партијата на Зелените, еден од тројцата коалициски партнери во германската влада. Во германските дипломатски кругови таа важи како способна и истрајна политичарка. Лирман е пратеничка во германскиот Бундестаг во неколку мандати, а е и професор на Универзитетот во Гетеборг, Шведска.

Дали нејзината посета има некаква врска со „новиот пристап“ на бугарската влада на Кирил Петков и владата на Димитар Ковачевски треба да се избере вечерва на полноќ, можеби би требало да се знае утре. Но сигурно дека посетата излегува надвор од рамките на коинциденцијата.  

Утре во посета на  Македонија ќе биде министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман.

Лирман ќе се сретне со премиерот, вицепремиерот за европски прашања, министерот за надворешни работи и претседателот на државата.

Официјално, фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.