Германската издавачка куќа Аксел Спрингер го купува Политико


Германската издавачка куќа Аксел Спрингер соопшти дека ќе ја купи американската медиумска компанија Политико, со што ја проширува својата глобална мрежа на дигитални информативни медиуми.

Двете компании не ги открија деталите од купопродажниот договор, но Њујорк тајмс објави дека можно е Аксел Спрингер да плати една милијарда долари за Политико.

Договорот предвидува германската компанија да ги купи и преостанатите половина акции во заедничката компанија Политико Европа.

Политико е формиран од поранешни новинари на Вашингтон пост пред американските претседателски избори во 2008 година. Аксел Спрингер поседува низа медиумски куќи, вклучително и Билд, Велт и Инсајдер, а компанијата е присутна во повеќе од 40 држави.