Германија: Зелените почнаа да пропаѓаат надолу во анкетите
Според институтот за истражување на мислења „Инфратест димап“, кој го спроведе истражувањето за телевизијата АРД конзервативната коалиција ЦДУ/ЦСУ (наречена Унијата) има добиено пет процентни поени во таканареченото неделно прашање во споредба со мај и сега достигнува 28 проценти. Зелените, пак, загубија шест процентни поени и се на 20 проценти. СПД останува непроменета на 14 проценти, крајнодесничарската АфД останува на дванаесет проценти. И либералите од ФДП се на 12 проценти со тоа што добиле еден поен повеќе. Левицата исто така е подобрена за еден поен на седум проценти.
Кандидатот за канцелар на Унијата, Армин Лашет, исто така, води во прашањето за директен избор на федералниот канцелар. 29 проценти би го избрале шефот на ЦДУ – зголемување за осум процентни поени во споредба со претходното истражување. Кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц исто така има напредок и достигнува 26 проценти (плус пет процентни поени). Кандидатката на Зелените, Аналена Бербок тука значително губи тука: 16 проценти сепак би ја избрале, минус од дванаесет процентни поени.
Задоволството од работата на сојузната германска влада повторно се зголеми. 45 проценти од анкетираните се многу задоволни или задоволни од работата на коалицијата составена од Унијата и СПД – осум процентни поени повеќе отколку во мај. Сепак, мнозинството од 54 проценти се помалку или незадоволни од начинот на кој владата ја извршува својата работа. Сепак, оваа група е намалена за осум процентни поени.
Анкетите за изборите генерално секогаш се исполнети со несигурност. Меѓу другото, намалувањето на партиските врски и сè повеќе краткорочни одлуки за гласање им отежнуваат на институтите за истражување на мислење да ги одмерат собраните податоци.