Германија во еден ден изброи над 4.100 заразени

Бројот на заразени со новиот корона вирус во Германија се зголеми за 4.155 за еден ден и веќе е 112.348 лица.
Во таа држава бројот на заразени дневно е околу 4.000.
Регистрирани се 2.292 смртни случаи од корона вирусот, вклучувајќи и 221 за последниот ден.
Епицентарот на епидемијата на корона вирусот во Германија се провинциите Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Баден-Виртемберг.