Германија го укинува законот што им дозволува на 14-годишници да пијат алкохол под надзор на родители


Германија планира да го укине повеќедеценискиот закон кој им дозволува на малолетници на возраст од 14 и 15 години да конзумираат пиво и вино во присуство на нивните родители, пренесува ДПА.

Предлог-законот предвидува целосна забрана на „консумација под родителски надзор“ за оваа возрасна група.

Германија моментално има едни од најлибералните закони во Европа, каде што самостојното купување и консумирање на лесен алкохол е дозволено од 16 години, додека исклучокот со родители датира уште од 1952 година.

Министерката за млади, Карин Приен, ја вклучи оваа измена во новиот закон за благосостојба на децата, нагласувајќи дека сегашната регулатива ја попречува превенцијата од зависности.

За да стапи во сила, предлогот мора да добие одобрение од кабинетот и од германскиот Парламент.