Германец во Швајцарија возел 249 км/ч, му се заканува затвор


Државјанин на Германија возел со брзина од 249 км/ч низ Швајцарија на дел од пат каде ограничувањето е 120 км/ч.
Сега му се заканува парична казна и одземање на возачка дозвола, како и затворска казна, објавија германските медиуми.
Се работи за 34-годишен Германец, кој живее во близина на Базел, а кој во неделата на пат во близина на Боденското езеро возел со 249 км/ч, повеќе од двојно повеќе од дозволените 120 км/ч.
Полицијата на германскиот државјанин, на лице место му ја одзела возачката дозвола и му го запленила возилото, а него го одвеле во притвор.
Пребрзото возење во Швајцарија се третира како кривично дело, а не прекршок и предвидени се затворски казни во траење од една до четири години. Во Швајцарија, висината на паричните казни зависи од примањата на сторителот.
Во 2014 година еден германски државјанин е фатен при брзина од 200 км/ч во тунелот „Готард“ и осуден е на 30 месеци затвор.