Германците кои примиле бустер доза нема да мора да се тестираат


Германците кои ќе примат трета доза од вакцините против корона виурс нема да мора да се тестираат, одлучија сојузните и покраинските министри.

Мерката треба да стапи на сила по две недели од примањето на бустер дозата

„Постигнавме договор околу тиа лоцата кои примиле трета вакцина да бидат ослободнеи од тестирање таму каде за вакцинираните се бара негативен тест“, рече по состанокот министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек.

Мерката треба да стапи на сима 15 дена по примањето трета бустер доза.

Холечек рече дека таканареченото 2G+ правило, според кое пристап на одредени места имаат само вакцинирани или преболени и со негативен тест, и понатаму важи за оние кои примиле прва или втора доза вакцина, односно и за оние кои примиле бустер доза за заминување во медицински установи и во домови за стари лица.

2G+ правилото се применува само во некои окрузи во источна Германија и Баварија со висока стапка на зараза.