Генералниот на Нетфликс ќе донира 120 милиони долари на колеџите за црномурести


САД– Генералниот директор на Нетфликс, Рид Хастингс и неговата сопруга Пети Квилин денеска најавија дека ќе донираат 120 милиони долари на колеџи и универзитети за црномурести, како одговор на граѓанските немири кои избија во САД и ќе помогнат во борбата против финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

– Тоа не принуди да сфатиме дека нашиот дел од ова, Америка да биде земја во која сите сакаме да бидеме, е да се фокусираме на образованието, изјави Хастингс.

Донацијата ќе биде направена преку колеџите Морхаус и Спелман и Фондот на колеџот Обединети црномурести. Претседателот на Морхаус, Дејвид А. Томас го поздрави таквиот потег како гест кој ќе покаже дека „историските колеџи за црномурестите треба да се вреднуваат на ист начин како што ги почитуваме нашите најуспешни додипломски универзитети во земјата“.