Генчовска на граница ќе ги дочека евакуираните Македонци од Украина


Теодора Генчовска во тесна кожа уште првата недела по именувањето за министерка

Министерката за надворешни работи на Бугарија ,Теодора Генчовска, вечерва, ќе ги пречека евакуираните бугарски државјани од украинските градови Киев и Одеса, кои на  границата на Бугарија со Романија се очекува да пристигнат околу 21 часот, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Во четири автобуси и во автомобилите на амбасадата во Киев има околу 200 лица – бугарски, украински, американски државјани, државјани на Македонија и еден од Грузија, како и бугарски дипломатски персоналот од Генералниот конзулат во Одеса.

Во Народното собрание на Бугарија, премиерот Кирил Петков изјави дека е многу тешко да се евакуираат Бугарите и другите странски државјани и се заблагодари на бугарското воено разузнавање кое одиграло значајна улога во оваа операција.