Гејтс и Бафет градат нов тип нуклеарна постројка вредна милијарда долари
Енергетските компании управувани од милијардерите и пријатели, Бил Гејтс и Ворен Бафет, ја избраа американската држава Вајоминг за почеток на првиот проект за нов нуклеарен реактор „Натриум“.
TeraPower, основана од Гејтс пред 15 години, и компанијата за електрична енергија PacificEcorp, сопственост на инвестицискиот фонд на Бафет, Беркшир Хатавеј, во средата соопштија дека точната локација на демонстрационата централа треба да биде објавена до крајот на годината, пренесува „Гардијан“.
Малите напредни реактори, кои работат на различни горива, се сметаат за клучна технологија без јаглерод, која може да ги надополни изворите на енергија како што се ветерот и сонцето, во време кога земјите се обидуваат да ги намалат емисиите кои ги предизвикуваат климатските промени.
– Сметаме дека „Натриум“ ќе ја смени играта во енергетската индустрија “, рече Гејтс на прес-конференција по повод започнувањето на проектот во Чејан, главниот град на Вајоминг.
– Ова е нашиот најбрз и најјасен начин да станеме негативни на јаглерод, рече гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон.
Проектот се состои од брз реактор ладен со натриум ладен од 345 мегавати со склад на енергија базиран на сол, што може да ја зголеми моќноста на системот до 500 MW.
TeraPower минатата година соопшти дека централата ќе чини околу 1 милијарда долари.
Минатата година Министерството за енергетика на САД одвои 80 милиони долари за почетно финансирање на компанијата на Гејтс „TeraPower“ за да ја демонстрира технологијата „Натриум“, додека следната година додели дополнителни средства во согласност со одобренијата на Конгресот.
Претседателот и извршен директор на „TeraPower“, Крис Левеск, изјави дека изградбата на демонстрационата постојката ќе трае околу седум години.
„Ваквиод вид на чиста енергија ни е потребен во мрежата во 2030-тите години“, рече тој пред новинарите.