„Галуп“: „Има таков народ“ е победник на изборите во Бугарија


Лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов

Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија , според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите.Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила.

Галуп наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК.

„Има таков народ“ освоија 23,2 процента од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23 отсто, БСП – 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ – 13,4 отсто, ДПС – 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 процент. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во Парламентот.

Според Галуп, излезноста на изборите била 38,1 процент.

Станислав Балабанов, пратеник во 45-то Собрание, истакна дека без оглед на излезноста, ова е политичкиот крај на ГЕРБ.Тој посочи дека денеска е забележана и друга „политичка смрт“ – онаа на таканаречените „патриоти“.

Во својата прва реакција во јавноста од крајот на денот на изборите во Бугарија, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов-ГЕРБ предвидува дека се појавува влада составена од партиите на протестите, што се одржаа пред една година. Според Тома Биков, тоа значи дека ќе има влада што нема да сноси одредена одговорност. Според оваа партија, сите државни ресурси биле искористени против ГЕРБ за време на работата на привремената влада.Според нив, отсега натаму има две опции за Бугарија – продлабочување на политичката криза или задкулисна политика.ГЕРБ не гледа потенцијал Бугарија да има успешна влада во следните месеци, а можеби и во следните години.

Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова најави дека нема да поднесе оставка по изборите, бидејќи сега БСП и Бугарија имаат поважни задачи, како што е оваа земја да има функционална влада. Не било погрешно, според нејзиното мислење, од проектите што ги направи за широка левичарска коалиција. Таа им се заблагодари на своите коалициски партнери и рече дека тие први разговарале и оценувале за работата на БСП и нејзината широка левичарска коалиција.

Таа коментираше дека БСП е подготвена да преговара за политики во различни области при формирањето на новата влада на Бугарија.

Еден од лидерите на коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“, Армани Бабикјан, коментираше дека неговата партија може да поддржи влада на промени.

Ова е прв пат од 2009 година партијата ГЕРБ да загуби на парламентарните избори. Денешното гласање е прво на кое гласањето главно се одвива со машини, и е обележано со најмала излезност.

„Денес беше добар ден за бугарската демократија, бидејќи ова беа најфер избори досега. И не заради резултатот на „Има такви луѓе“, туку заради новите изборни правила што го ограничија што е можно повеќе купувањето гласови, корпоративниот глас и манипулациите со „мртвите души“, изјави Слави Трифонов.

„Поддршката што ја доби мојата партија  е зачудувачка. Сакам да се заблагодарам на сите што гласаа за нас. Ние навистина ја цениме вашата доверба “, рече тој и додаде дека во понеделник во 11 часот ќе обји што ќе стои.

Според Тошко Јорданов од „Има таков народ “  формацијата на Трифонов е дефинитивно прва, а по пребројувањето на гласовите од странство , „Демократска Бугарија“ ќе го надмине БСП. Бугарските патриоти доживеаја дебакл и не влегуваат во новиот парламент.

„Резултатот сигурно не дава никакви лесни одговори“, прокоментира копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов. „Сега сме во ситуација кога најважен фактор е слабиот одзив на гласачите, што не гледам како да се враи. Сите опции се  на маса со една јасна работа – политиката да произведе насока, рече Иванов.

Запрашан дали веќе разговарал со Слави Трифонов од „Има таков народ“, Иванов рече: Очекувам што е можно побрзо да започнеме сериозен разговор на ниво на лидерство за тоа што ќе правиме од сега. За нас е многу важно не само да се отстрани ГЕРБ од власта, бидејќи без да се отстрани и ДПС не можеме да зборуваме за расчистување на бугарската влада од корупција, коментира Иванов, чија партија е на четвртото место по денешното гласање.

Од ДПС пак порачаа дека нема да поддржуваат никого  безусловно, тврдејќи дека нивните два услова се . – враќање на нормалноста во политиката и враќање на демократијата.Тие бараат и јасна програма за економски развој.