Гала настанот на Ана Винтур ги собра ѕвездите и супермоделите во Лондон (фото)


Лондон– Откако првиот настан Vogue World се одржа лани во Њујорк во пресрет на Модната недела во тој град, годинава шоуто се пресели во Лондон како старт на Лондонската модна недела. Во лондонскиот театар Royal Drury Lane, настанот Vogue World Show, чиј домаќин беше главната уредничка на американскиот Вог и глобален директор во „Конде Наст“ , Ана Винтур, успеа да привлече голем број познати личности од модата, културата и шоубизнисот.

Ана Винтур во друштво со режисерот Баз Лурман и главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул

Шоуто на сцена беше инспирирано од лондонската тетарска култура. Започна со појавувањето на Кејт Мос, следеа музички настапи на FKA Twigs, Стормзи и Ени Ленокс, додека најпознатите светски манекенки дефилираа на сцена и меѓу публиката облечени во разни дизајнерски креации. Имаше театарски, оперски и балетски инсерти, а на сцена во скеч се појавија актерите Сиена Милер, Демјан Луис, Џејсм Мекавој, Џејмс Корден и Каш Џамбо.

Кејт Мос

Крајот беше во знакот на четирите славни супермодели Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Синди Крафорд. 

Ревијата на гала настанот ја предводеше тенисерката Серена Вилијамс
Вини Харлоу
Викторија Бекам
Бремената Сиена Милер со една од најзабележителните креации
Принцезата Беатрис со со сопругот
Кејт Винслет
Рита Ора
Настап на Ени Ленокс