Гал Гадот, ѕвездата на „Жената чудо“ роди трета ќерка


САД- Израелската актерка со холивудска кариера Гал Гадот (36) ја роди третата ќерка, а среќните вести ги сподели среќните на својот инстаграм-профил. Во најновата објава, Гал позира со сопругот и постарите ќерки, додека едната од нив во рацете го држи новороденчето.

„Моето слатко семејство. Не можам да бидам поблагодарна и посреќна (и изморена), сите сме толку возбудени што можеме да ја дочекаме Даниела во нашето семејство. На сите ви испраќам љубов и здравје“, напишала таа во описот на фотографијата и на тој начин, на љубопитните следбеници им го открила името на девојчето.

Ѕвездата на филмот „Жената чудо“ (Wonder Woman) ја откри веста за бременоста во март минатата година, а нејзините обожаватели беа уверени дека ќе добие момче. Имено, Гадот и нејзиниот сопруг Јарон Варшано веќе имаат две ќерки.

Двајцата сопружници се во брак од септември 2008 година, а живеат на релација Израел-САД.

Гадот лани потврди дека ќе ја портретира Клеопатра во нов филм  и додаде дека не може да биде поблагодарна за оваа улога.
“Сакам да започнам нови патувања, ја сакам возбудата од нови проекти, возбудата од оживување на стари приказни. Клеопатра е приказна што сакав да ја раскажам многу долго време. Не можам да бидам поблагодарна за оваа можност,“ Гал напиша на Твитер.