Фустанот „НЕ“ на Шакира во Париз кажа сѐ
Париз – Шакира се разбуди и рече: Не. Апсолутно не. Не за сѐ.
Колумбиската пејачка се појави во Париз, среде Модната недела, за да присуствува на ревијата на Виктор и Ролф за висока мода есен/зима 2023-2024 година. Таа седеше во првиот ред до колешката поп-ѕвезда Камила Кабејо во целосно бел изглед кој го изрази она што навистина ѝ е на ум.
Поп- ѕвездата носеше ледено-бел капут фустан со џиновски знак НЕ во горниот дел, од колекцијата есен 2008 на Виктор и Ролф (полна со дизајни НЕ). Шевовите на НЕ се украсени со златен метал и бели кристали – дури и на ременот, ракавите и јаката. Пејачката на хитот „Hips Don’t Lie“ го спои максималистичкото парче со златни сандали на платформа и соодветна клач чанта од Aquazzura. Стави големи розови очила за сонце од Carrera.
Музичката дива изгледаше гламурозно во розова, сјајна шминка и елегантна права фризура.
По ревијата на пистата, таа сподели фотографија на која таа и Кабејо седат една до друга во првиот ред, држејќи ги прстите како да го повторуваат фустанот на Шакира велејќи не.
Мајката на две деца не даде никаков контекст пред да се појави во храбриот изглед денес, но тоа доаѓа во време на нејзиното големо враќање во кариерата, кое следи по нејзината разделба од долгогодишниот партнер (и татко на нејзините деца), фудбалерот Жерар Пике.


