Франција ќе и даде ракети со дострел од 300 километри на Украина


„Франција ќе пренесе ракети со долг дострел во Украина за да ја поддржи контраофанзивата“, само што потврди францускиот претседател Макрон во Вилнус.

Франција е сопственик на SCALP-EG, еквивалент на Storm Shadow со домет од 300 километри и во зависност од конфигурацијата, до 500 километри. 

Претходно Франција ја отфрли можноста за давање на вакви ракети поради стравувањата дека Украина ќе ги користи за напади на руска територија.

Од мај 2023 година, Обединетото Кралство на Украина и доставува ракети со долг дострел  кои Киев за прв пат ги искористи за да го нападне Луганск – стотина километри од линијата на фронтот. На крајот на мај, Министерството за одбрана на Украина ја потврди употребата на Storm Shadow без да прецизира детали.