Франција го поврза еден од најмоќните нуклеарни реактори во светот


Франција го поврза новиот нуклеарен реактор „Фламанвил 3“ на електричната мрежа во саботата наутро, што е првпат во последните 25 години, објави државната енергетска компанија ЕДФ.

Реакторот започна со работа во септември, пред поврзувањето, 12 години откако беше првично планирано, и чинеше околу 13 милијарди евра, четири пати повеќе од предвиденото.

„Екипите на ЕДФ успеаја во првото поврзување на Фламанвил ИПР на националниот грид во 11:48 часот. Реакторот сега произведува електрична енергија“, соопшти ЕДФ.

Тој реактор од 1,6 гигавати е најголемиот во Франција и еден од најмоќните во светот, заедно со кинескиот реактор Тајшан со моќен 1,75 гигавати и финскиот Олкилуото.

Тоа е првиот реактор поврзан на мрежата по Civaux 2 во 1999 година, а тоа се случува во време на рекорден француски извоз на електрична енергија.

ЕДФ планира да изгради уште шест реактори за да го исполни ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон од 2022 година за енергетската транзиција на земјата, иако сè уште не е познато како ќе се финансираат проектите.