(Фото/видео) Огнен пекол во „градот на ангелите“ – изгореа куќите на славните

На овие ридови се некои од најпознатите симболи на Лос Анџелес - Холивудскиот знак, опсерваторијата „Грифит“, Холивуд Боул и театарот „Долби“


Илјадници пожарникари се борат со шумските пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес, во кои според канцеларијата на окружниот шериф, загинале најмалку пет лица, а изгореле повеќе од илјада куќи. Поради бројот на уништени згради, овие пожари се сметаат за најголеми и најразорни во историјата на градот, пренесува Voice of America.

Пожарот не ги поштеди ни скапите, луксузни имоти на голем број холивудски ѕвезди како Били Кристл, Парис Хилтон, а евакуиран е и Харисон Форд.

 

Огнените јазици се закануваат и на познатиот планински знак на кој е испишано „Hollywood“.

На околу 100.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат, а локалните власти отворија неколку засолништа за луѓето и животните кои бегаат од пожарот. Околу еден и пол милион луѓе во Јужна Калифорнија се без струја.

Приватната американска метеоролошка агенција Acuweather ја објави својата проценка за материјалната штета – околу 50 милијарди долари.

Пожарникарите се борат со најмалку три одделни големи пожари – од Санта Моника на брегот на Тихиот Океан, до Пасадена, која се наоѓа во северниот дел на Лос Анџелес и во долината Сан Фернандо.

 

Ветровите од Санта Ана дополнително го разгоруваат огнот и предизвикуваат огнот многу брзо да се прошири.

Поради ветерот, авионите кои се гасеа со пожарот беа привремено приземјени, но тие повторно полетаа во средата попладне.

Метеоролозите велат дека условите за ширење на пожарот ќе траат до петок.

Евакуиран е и „Индијана Џонс“

Голем број познати личности проговорија за пожарите кои зафатија делови од Лос Анџелес и ги зафатија нивните домови.

Загрозени се домовите на бројни познати личности, поради што многу познати личности се евакуирани и ставени на безбедно, а медиумите објавија дека домот на актерската двојка Лејтон Мистер и Адам Броди изгорел до темел.

Четириесет и петгодишниот Броди, кој е ѕвезда на серијата на „Нетфликс“, „Никој не го сака ова“ (Nobody Wants This) и 38-годишната актерка, најпозната по серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl), беа едни од ѕвездите на црвениот килим на доделувањето на Златните глобуси на 6 јануари, два дена пред да се разгорат пожарите.

Двојката ја купи куќата во 2019 за 6.5 милиони долари и таму живееја заедно со нивните две деца.

Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис изјавија дека го изгубиле домот во соседството.

– Зборовите не можат да го опишат степенот на уништувањето на кое сме сведоци и што доживуваме. Срцата нѐ болат за пријателите и соседите кои исто така ги загубија своите домови и бизниси во оваа трагедија – се вели во заедничката изјава на актерот и неговата сопруга Џенис Кристал.

– Џенис и јас живеевме во нашиот дом од 1979 година. Овде ги одгледавме нашите деца и внуци… Секако дека сме уништени, но со љубовта на нашите деца и пријатели ќе го надминеме ова – додаде тој.

Познатиот актер Харисон Форд (82), познат по многу улоги меѓу кои и онаа во филмскиот серијал за Индијана Џонс, изгледаше вознемирено откако беше принуден да се евакуира поради шумските пожари кои го опустошуваат Лос Анџелес.

Тој вчера бил виден како го паркира својот автомобил пред неговата населба Брентвуд.

Во еден момент влегол во полициско возило кое го вратило во неговата куќа за да провери во каква состојба е луксузниот дом што го купил во 2011 година за 12,6 милиони долари.

Парис Хилтон е меѓу многуте познати личности чии домови изгореа во пожарите во Лос Анџелес.

Таа објави дека нејзиниот дом во Малибу „каде што направивме толку многу негувани спомени“ го нема.

„Моето срце и молитвите се со секое семејство погодено од овие пожари“, напиша Хилтон во објавата на социјалната мрежа X.

Актерката Џејми Ли Кертис проговори за пожарот што ги зафати домовите на познатите во Пацифик Палисадес во Лос Анџелес.

Таа на својот Инстаграм профил вели дека нејзината заедница е во пламен, а многу е можно и нејзиниот дом да е загрозен. Исто така, тој ги замолува луѓето да не објавуваат неточни информации за доброто на оние на кои им е потребна помош.

„Мојата заедница и можеби мојот дом е во пламен. Моето семејство е безбедно. Многу од моите пријатели ќе ги загубат своите домови, а исто така и многу други заедници. Има толку многу неточни информации. Со целата технологија се чини дека има многу малку информации. Ве молиме објавете факти, тоа ќе им помогне на оние кои се прашуваат“, изјави таа на почетокот на објавата.

Пожар им се заканува на холивудските симболи, како и на знакот Холивуд

„Последниот пожар го зафати врвот на славните Холивуд Хилс, принудувајќи ги жителите да се евакуираат, а луѓето во близина треба да се подготват да заминат“, изјави капетанот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Ерик Скот.

Овие ридови се дом на некои од најпознатите симболи на Лос Анџелес – Холивудскиот знак. Во близина е опсерваторијата Грифит, отворена од 1935 година. Меѓу знаменитостите во зоната за евакуација се Холивуд Боул и театарот „Долби“, кои се наоѓаат во прометниот трговски центар.

Патем, Холивуд Хилс е можеби најпребаруваниот поштенски број во светот. Многу холивудски имиња од А-листата како Квентин Тарантино и Селма Хаек живеат во таа област.

Граѓаните бесни на потегот на градоначалничката
Граѓаните ја обвинуваат директно градоначалничката Карен Бас за пеколот кој ги снашол, чиј  потег, според нив, апсолутно ја осакатил способноста на пожарникарите да се борат со огнената стихија која одамна не била видена.

Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас, имено, го намали буџетот на противпожарната служба за 17,6 милиони долари – и дека само неколку месеци пред пожарите го претвори градот во неконтролиран пекол со кој сѐ уште се борат противпожарните екипи, пишува Њујорк пост.