(ФОТО) Руски брод се запали во Норвешка, пренесувал амонијак и дизел гориво


Руски брод кој превезувал амонијак и 200.000 литри дизел бензин се запалил во пристаниште во северна Норвешка, поради што властите наредија евакуација во тој дел од градот.

Медиумите пренесуваат дека рибарски брод бил закотвен во пристаништето Брејвик во регионот Тромсо и дека вчера во текот на денот избувнал пожар.

По 24-часовна битка, пламенот конечно бил изгаснат денеска наутро. Бродот бил покриен со густ чад, а како последица на тоа девет лица од 29 припадници на екипажот биле испратени во болница.

Евакуирани се околу 100 луѓе.