Фотки на мама Кејт: Принцот Луис денес полни една година


Англија– Три нови фотографии од семејниот албум објави Кејт, војвотката од Кембриџ во чест на првиот роденден на третото дете, принцот Луис. Бебето кое ги покажа првите две запчиња, е комбинација од принцот Џорџ (5) и Принцезата Шарлот (4).

-Луис е дружељубиво, мило дете. Постојано е насмеан, велат среќните родители, принцот Вилијам и Кејт.

Фотографиите се направени порано, овој месец, во Анмер Хол, кантри домот на двојката во Норфолк.

Кејт, која студираше историја и уметност на универзитетот „Св. Ендрју“, ги направи и првите официјални фотки на принцот Луис, само две недели по раѓањето.