Форумот на жени на СДСМ ќе организира осмомартовски марш во Струмица
Форумот на жени на СДСМ организира осмомартовски марш под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.
За ова денеска информираше претседателката на Форумот, Даниела Колева од Кавадарци.

– Форумот на жени на СДСМ поканува на традиционалниот осмомартовски марш, по повод Меѓународниот ден на жената. Овој марш е нашиот глас, со кој ја продолжуваме борбата за права и достоинство на секоја жена и девојка. Да покажеме што значи да бидеме заедно и обединети, соопшти Колева.
Таа појасни дека осмомартовскиот марш ќе се одржи на 8 Март, сабота, во Струмица. Маршот ќе почне во 12 часот, на кружниот тек кај улица „Ленинова”.