Формирани собраниските комисии за политички систем и законодавно-правната


Фото: Б. Грданоски

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска ги прифати предлозите за персоналните состави на Комисијата за политички систем и на Законодавно-правната комисија.

Претседател на Комисијата за политички систем е Љупчо Пренџов, а негов заменик Јован Јаулевски, додека претседател на ЗКП е Александар Велјановски, а заменик Бобан Николовски.

Фото: Б. Грданоски

Членовите на Комисијата го прифатија барањето на поранешниот претседател Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија што тој го доставил до Собранието на 15 мај.

Фото: Б. Грданоски

Исто така прифатени се и 29 барања за апанажа на пратеници од парламентарниот состав 2020-2024. Против предлогот за апанажа беше пратеникот од Левица Крмов. Рокот за поднесување барања за апанажа сѐ уште не е завршен.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски информираше дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.