Форд би можел да ја „оживее“ фиестата со помош на Фолксваген

Легендарниот модел „фиеста“ на Форд би можел да „оживее“ благодарение на соработката со Фолксваген. Двете компании размислуваат за нова соработка по успешните искуства со моделите Explorer и Capri базирани на платформите ID.4 и ID.5, пишува Auto Express.
Последната Форд Фиеста пристигна на пазарот во јули 2023 година, а оттогаш местото на компактен хечбек во европската понуда на американскиот бренд е празно.
Мартин Сандер, раководител на маркетингот на „Фолксваген“ и поранешен висок функционер на „Форд“ во Европа, ја опиша соработката на двете компании на електрични модели како „многу, многу, многу успешна“. Тој не ја исклучи можноста за нови заеднички проекти во иднина, што би можело да значи пристигнување на новата генерација на Fiesta на платформата MEB Entry, која ќе ја формира основата на идните модели на Volkswagen ID.1 и ID.2.
Електричната Фиеста би имала домет до 450 километри и би поддржувала брзо полнење со моќност од 125 kW.
Форд има и сопствена платформа за електрични возила, која се развива во Калифорнија. Сепак, наводно, оваа платформа е повеќе насочена кон пикапи од средна класа, отколку кон компактни автомобили како „фиеста“.
Стратегијата на Форд ќе биде појасна во наредните месеци. Во август минатата година, брендот вети дека ќе открие планови за електрификација, технологија и инвестиции.
Во меѓувреме, животниот циклус на уште еден модел на Форд „фокус“, се ближи кон крајот. Производството на овој модел ќе заврши во ноември, додека нова генерација не се очекува во блиска иднина.