Форбс: Кајли Џенер е најбогата славна личност за 2019

САД- Кајли Џенер (23), најмладата од кланот Кардашијан-Џенер, е најбогата славна личност на годишната листа на „Форбс“ , откако списанието претходно ја исфрли од листата на милијардери зашто лажела за заработката.
Форбс објави дека Џенер заработила 590 милиони долари во текот на изминатата година.
На листата следуваат нејзиниот зет, раперот Кање Вест, а потоа тенисерот Роџер Федерер, фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Тајлер Пери, фудбалерот Нејмар, водителот Хауард Стерн, кошаркарот Леброн Џејмс и актерот Двејн „Рок“ Џонсон .
Кање Вест е и најбогат музичар во 2019 година – тој е второрангираниот по богатство славна личност , според листата на „Форбс“ со заработка од 170 милиони долари. Поп-ѕвездата Елтон Џон, на листата на најбогати е на 13- место, со заработка од 81 милиони долари. Третиот најплатен музичар е Ариана Гранде, која е женски музичар со највисок пласман на број 17, со 72 милиони американски долари,следат „Jonas Brothers“ со 68,5 милиони долари, и на петтото место е „Chainsmokers“ со 68 милиони долари.
Еве ја целата листа:
1.Kanye West $170 million
2. Elton John $81 million
3. Ariana Grande $72 million
4. Jonas Brothers $68.5 million
5. Chainsmokers $68 million
6. Ed Sheeran $64 million
7. Taylor Swift $63.5 million
8. Post Malone $60 million
9. Rolling Stones $59 million
10. Marshmello $56 million
11. Shawn Mendes $54.5 million
12. Jay-Z $53.5 million
13. Billie Eilish $53 million
14. BTS $50 million
15. Drake $49 million
16.Jennifer Lopez $47.5 million
17.Pink $47 million
18.Rihanna $46 million
19.Luke Bryan $45.5 million
20.Backstreet Boys $45 million
21.Phil Collins $45 million
22.Blake Shelton $43.5 million
23.Celine Dion $42 million
24.The Eagles $41 million
25.Metallica $40.5 million