Фондацијата Хилтон ќе донира 10 милиони долари за борбата против коронавирусот

САД– Едно од најпознатите семејства во светот се враќа со голема донација.
Фондацијата Хилтон од непрофитен карактер и основана од хотелскиот претприемач и сопственик на ланецот хотели „Хилтон“ и чукун дедо на Парис и Ники Ротшилд Хилтон, Конрад Н. Хилтон, ќе донира 10 милиони американски долари заборбата против коронавирусот.
Половина од сумата ќе оди за заштита на бездомното население во Лос Анџелес, а другата половина е насочена кон помагање на африканските земји во исчекување на појава на епидемијата.