Skip to content

09/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

ФОД: Депозитите сигурни, граѓаните имаат доверба и не се очекува повлекување на парите

20/10/2019 09:10

Граѓаните во банките чуваат 4,5 милијарди евра. Депозитите се безбедни и сигурни, порачуваат од Фондот за осигурување депозити и оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалување на каматните стапки. Доколку почне оданочување на каматите на депозитите, од Фондот не сметаат дека тоа би влијаело на повлекување на парите од банките.

– Граѓаните имаат доверба во нашата институција, бидејќи од нејзиното формирање во 1997 година до денес секогаш навремено и во согласност со законските прописи биле обесштетени во случај на настанување ризичен настан, т. е. затворање на банка или штедилница. Довербата што граѓаните ја имаат во Фондот може да се види и преку постојаниот раст на депозитите на населението. Имено, граѓаните и покрај намалувањето на каматните стапки на штедењето се одлучуваат своите пари да ги чуваат во банките или штедилниците, каде што се безбедни и сигурни бидејќи се осигуруваат преку ФОД. Оттука, сметаме дека предложеното оданочување на каматите на депозитите нема воопшто да влијае врз повлекување на депозитите од банките, бидејќи тоа би значело и губење на нивната сигурност и приход врз основа на камата, истакнуваат од Фондот за осигурување на депозитите.

Оценуваат дека банкарскиот систем во земјава е стабилен, а депозитите на граѓаните редовно и без никакви проблеми се осигуруваат во Фондот за осигурување на депозитите во согласност со месечните пресметки на премиите за осигурување.

– Фондот за осигурување на депозитите постои заради осигурување на депозитите во денари и девизни средства, вклучувајќи ја и каматата на физичките лица кои се чуваат во банките, филијалите на странски банки и штедилниците во Република Северна Македонија. Во согласност со Законот за ФОД, секој депонент има право на обесштетување на износ до 30.000 евра во денарска противвредност по банка, филијала на странска банка или штедилница, објаснуваат од Фондот.

Според нивните податоци, депозитите на населението во септември годинава изнесуваат 273,9 милијарди денари или 4,5 милијарди евра и бележат раст од 8,8 отсто во однос на септември минатата година.

Повеќе од половина или 51,8 отсто се во денари, 48,2 отсто се девизни депозити. По видување се 51,1 отсто, а орочени депозити се 58,9 отсто.

Оданочувањето на каматите треба да почне од јануари следната година. Законското решение предвидува да се оданочуваат со 15 отсто доколку сумата надмине 15 илјади денари.  Банкарите бараат тоа да се одложи и да се применува кога ќе влеземе во ЕУ, бидејќи сметаат оти може да се случи граѓаните да почнат да ги повлекуваат парите од банките, додека најавите од министерката за финансии Нина Ангеловска беа дека се разгледува можноста и оти има волја.

 

 

 

 

2019-10-20 08:13:15, од Сузи Котева-Стоименова

ReplyForward


Поврзани содржини

Нема веќе кинески пари за Кичево – Охрид, се финансира преку домашни банки, вели Мицкоски
09/04/2026 13:04
ТАВ Македонија втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®
09/04/2026 11:04
Кои беа најбогатите, а кои најсиромашните европски земји во 2025 година
09/04/2026 11:04
Трката за прв европски банкар започна: Кои се фаворитите и што ќе биде пресудно?
09/04/2026 10:04

Регулаторната комисија за енергетика се претвора во општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ
09/04/2026 09:04
Вицегувернерите на Народна банка Ана Митреска и Игор Величковски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието
09/04/2026 07:04
Отворен ден за пилоти во организација на Wizz Air
09/04/2026 07:04
Волстрит: Дау Џонс оствари најголем еднодневен раст во последната година
09/04/2026 07:04

Најчитани


  • Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
    05/04/2026 18:10
  • Богатите луѓе бегаат од Дубаи, европски град станува нов хит
    08/04/2026 09:32
  • Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“
    07/04/2026 12:29
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија
    03/04/2026 14:43
  • Кога ќе се отвори Ормускиот теснец, проблемите ќе почнат: „Последиците ќе траат со месеци“
    08/04/2026 09:11

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење