Флорида станува жариште на корона вирусот во САД


 

Флорида во саботата пријави рекордни 21.683 случаи со Ковид-19, со што државата а југоистокот на САД стана национален епицентар на пандемијата од корона вирус.

Претходниот рекод во државата беше 19.334 случаи пријавени на 7 јануари, пред вакцините да станат широко достапни, според федералните здравствени податоци, пренесе АП.

Случаите на Флорида, која има популација од речиси 21,5 милиони луѓе, сега чинат една петтина од сите нови случаи со Ковид-19 во САД, соопшти Центарот за контрола на болести. Државта во петокот пријави околу 17.000 нови случаи, истиот ден кога гувернерот на државата Рон Десантис, им забрани на училиштата да бараат од учениците да носат маски кога ќе се вратат во клупите во август.

AdventHealt, еден од најголемите државни здравствени системи, соопшти во петокот дека нивните одделенија во Централна Флорида нема да изведуваат итни операции за да се зачуваат ресурсите поради зголемувањето на бројот пациенти со Ковид-19, во тој регион.

Од почетокот на пандемијата, Флорида забележа 2,6 милиони потврдени слуачи со корона вирус и повеќе од 39.000 смртни исходи, според податоците на Центарот за ресурси за корона вирус на Универзитетот „Џон Хопкинс“.