Флик по ремито со Рајо: Барселона може да игра многу подобро


 Тренерот на Барселона, Ханс Флик, не е задоволен од изданието на неговиот тим во натпреварот од 3. коло од шпанското првенство против Рајо Ваљекано (1:1).

– Направивме многу грешки, можеме да играме многу подобро. Рајо играше фантастично. Не сум задоволен од мојот тим денес, имавме многу грешки. Мора да играме подобро. Жоан Гарсија одигра фантастичен натпревар, беше одлично да се гледаат неговите одбрани, изјави Флик за „Марка“.

По овој натпревар, Барселона со седум бода е на четвртото место на табелата.

Каталонците ќе го играат следниот натпревар на 14 септември против Валенсија.