Филозофскиот факултет во Скопје прославува јубилеј
На 16 декември 1920 година, основан е Филозофскиот факултет во Скопје. Тоа е првата високообразовна институција во Македонија, со која се смета дека започнува ерата на модерното високо образование во земјата.
Иако поминал низ многу премрежија, само до Првата Светска војна кога прекинува со работа, на него дипломирале околу 1800 студенти. Во 1946 година, со закон на тогашната Влада тој е обновен, како прва единица на првиот македонски универзитет. По независноста на државата, Филозофскиот факултет донесе големи промени, кои се наметнале како нова етапа во развојот на високото образование.
Во моментот факултетот има 13 студиски програми на додипломски и 18 на постдипломските студии,11 институти како и 11 библиотеки. Факултетот денес бара начини да одговори на новите потреби кои со себе ги носи модерното време. Започнат е процес на дигитализација, а целиот библиотечен материјал може да се пребара електронски.
Факултетот денес ги следи и светските трендови пред се во делот на визитинг – предавања од водечки светски професори, меѓународна размена на професори и студенти, реализирање на летни школи и семинари.
Факултетот изминатите децении е вклучен и во носењето и на многу закони и стратегии во разни области. Пред него ќе има тешка и одговорна задача да создава и применува образовни модели соодветни на интересите на младите луѓе во земјава, а применливи во меѓународниот трансфер на идеи.