„Филипс“ повлекува дел од респираторите, можно е да предизвикуваат рак


Холандсскиот производител на медицинска опрема „Филипс“ во понеделникот објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распѓањето на пената на ситни, токсични честички кои можат да предизвикаат рак.

Пената се користи за пригушување на звукот на уредот, а може да се распадне на честички кои лесно се вдишуваат и ги надразнуваат дишните патишта, соопшти фирмата во најавата за повлекување.

Со распаѓањето на пената настануваат гасови кои исто така може да бидат токсични и вклучуваат опасност од заболувања од рак, наведува „Филипс“.

Компанијата ќе повлече меѓу три и четири милиони респиратори и машини за асистенција при дишење во случај на апнеа во сон, рече извршниот директор на „Филипс“, Франс ван Хоутен.

Ќе се фокусираат на замена и поправка на тие уреди

„Филипс“ во бизнис извештајот за првото тромесечие објави дека за решавање на тој проблем издвоиле 250 милиони евра, а сега планира да издвои уште толку.

„Ќе го употребиме целиот свој капацитет и ќе се фокусираме исклучиво на замена и поправка на тие уреди“, рече Ван Хоутен, додавајќи дека веројатно ќе им треба една година за тоа.

Затоа нема да може да опслужуваат нови купувачи, „па на тоа подрачје ќе дојде до недостаток“, појасни челникот на фирмата.

„Филипс“ им сугерира на корисниците на уредите за асистенција при дишење во случај на слип апнеа (CPAP) да престанат да ги користат. Околу две третини од тие уреди се продаваат во САД, додава „Ројтерс“.

Проверка и регулатрони барања

Лекарите кои пациентите ги одржуваат во живот со помош на респиратори мора да одлучат дали можната опасност поврзана со распадот на пената е поголема од останатите ризици, соопшти фирмата.

Портпаролот на „Филипс“, Стив Клинк рече дека соработуваат со здравствените власти на сигурна замена за пената, но прво мора да помине проверка и да се исполнат регулаторните барања.

Проблемот негативно ќе влијае на приходот на одделот кој ги произведува спорните уреди, но добрите резултати во другите делови од работата на „Филипс“ ќе го надокнадат тој пад, проценуваат во холанската фирма, потврдувајќи насоки за цела година.

Во април „Филипс“ објави дека основната добивка во првото тромесечие му пораснала за 74 отсто, на 362 милиони евра. Проходот му пораснал за девет отсто, кога ќе се исклучат промените на курсот и еднократните фактори.