Филипче: Не е вистина дека пациентите не се лекуваат по протокол
Во државата има околу 1.000 пациенти на болничко лекување и тие со различен интензитет ги оптоваруваат капацитете во болниците по различни градови. Најоптоварени и понатаму се болниците во Тетово и во Гостивар. Делумно во Кичево во Струга и во Охрид. Обезбедуваме болнички кревет, место за сите пациенит, по системот на ротација. И во Скопје се отворија ковид-центри, од вчера и на интерните клиники, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство венко Филипче.
Најзастапена е возрасната група на пациенти над 60 години, а најмалку на децата. Има дваесетина деца во болницата во Козле.
– Од смртни случаи најголем број се над 70 години, а тие пациенти имаат и хронични заболувања, дијабет, кардиоваскуларен систем, болести на белите дробови. Се забележува дека долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат доцна со лоша клиничка слика и лоша сатурација. Не е вистина дека пациентите не се лекуваат по протокол. Во секоја установа има протокол, препорака, терапија, индикација за терапијата. Нема унифициран пристап никаде, секаде има препораки во зависност од тежината на клиничката слика – рече Филипче
Според него, клучен фактор е вакцинацијата. Бројот на починати кои биле вакцинирани е многу мал, а голем број од починатите имале карцином, дијабет или кардиоваскуларни заболувања.(Б.Б.)