Фицо: Словачка ќе губи 500 милиони евра годишно поради прекинот на транзит на руски гас
Словачка ќе губи 500 милиони евра годишно како од надокнади за транзит на гас, поради одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја прекине испораката на руски гас преку Украина, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.
Во објава на Фејсбук, Фицо рече дека неговата партија Смер-СД е подготвена да преговара со своите коалициски партнери за усвојување реципрочни мерки, вклучително и суспендирање на снабдувањето со електрична енергија за Украина, како и ограничување на поддршката за украинските граѓани во Словачка.
– Верувам дека коалициските партнери, исто така, ја гледаат ситуацијата околу прекинот на транзитот на гас како исклучително сериозна и достојна за одговор на суверена Словачка. Единствената алтернатива за суверена Словачка е да продолжи со транзитот или да бара механизми за компензација за загубата на блиску до 500 милиони јавни финансии, рече Фицо.