Ферати донел законска одлука, оценува поддржницата на Здружението на судии од Тетово

Тетовскиот судија Елмедин Ферати, кој го осуди на две години затвор обвинетиот што пред речиси три години смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска, донел законита одлука, велат од поддржницата на Здружението на судии на РС Македонија, при Основниот суд во Тетово.
Од подржницата на Здружението денеска испратија соопштение до медиумите, во кое велат дека судијата во повторената постапка го осудил обвинетиот со максималната дозволена казна затвор. Како аргумент ја наведуваат забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) предвидена како начело во Законот за кривична постапка, а кое се применува во ситуација кога по барање на обвинетиот Врхвониот суд ги укинал претходните пресуди и предметот го вратил на повторно одлучување.
Поради оваа забрана, се вели во соопштението, новата пресуда не смее да се измени на штета на обвинетиот, ниту во однос на правната кфалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција.
Според соопштението, а како што веќе и е познато, според првата првостепена пресуда од 30 ноември 2023 година, Пајазити бил осуден на затворска казна од три години и шест месеци. Казната на две години ја намалува Апелацискиот суд во Гостивар во жалбената постапка на затвор од две години. Врховниот суд на Репулика Северна Македонија постапувајќи по барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на осудениот, донесе пресуда со која барањето на осудениот го уважил и пресудите на Основниот суд Тетово и Апелацискиот суд Гостивар ги укинал и предметот го вратил на повторно судење на првостепениот суд.
По враќање на предметот во Основниот суд Тетово, истиот е распределен на друг судија, бидејќи судијата кој претходно постапувал по предметот замина во пензија. Во повторената постапка, на одржаната главна расправа на ден 07.4.2025 година, откако овинетиот признал вина судот донел и јавно ја објавил пресудата со која овинетиот е огласен за виновен за сторено кривичното дело од „небрежност“ тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и го осудил на казна затвор во траење од две години. Според подружницата на на Здружението на судии од нивните аргументи јасно може да се утврди дека судиите на Основниот суд Тетово постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми.
Тие аплираат до сите чинители во општеството да се воздржат од неоправдани коментари, и да не се користи, како што наведуваат, ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели.
Пресудата на судијата Елведин Ферати предизвика бурни реакции во јавноста, од кои дел се однесуваа и на интегритетот на судијата. Предметот стигна и во рацете на Судскиот совет. Претседателот на Советот, Александар Камбоски денеска изјави дека работната група што ја формира за да го анализира предметот, го доставила извештајот до него, но како што рече сè уште не ја видел информацијата. Работната група, составена од три члена, требаше да го разгледа предметот од првиот ден кога обвинението влегло во судот па се до понеделникот кога по вторпат почна и заврши во тетовскиот суд.