Фенди собра ѕвездена екипа за дебито на Ким Џонс: Зошто Деми Мур шокираше?


Франција-Во септември, кога Фенди го именуваше дизајнерот за машка облека Диор, Ким Џонс за нов уметнички директор, (на местото на Карл Лагерфелд) знаевме дека неговото деби шоу за италијанската куќа ќе биде спектакл. И тоа беше, со многу од најпрепознатливите модели во модата, од 80-тите до денес. За виртуелната ревија на висока мода на Fendi, ‘21, што се одржа во Пале Бронгнијар во Париз, дизајнерот ангажираше оригинални супермодели како Наоми Кембел, Кејт Мос и Кристи Тарлингтон за да ја покаже колекцијата. Со низа металик вечерни тоалети, им се придружија и актуелните манекенки како Кара Делевињ, Бела Хадид и Адвоа Абоа.

Дизајнерот исто така ги покани пријателите и семејството на моделите, како и блиските до него и брендот, да се придружат на ѕвездената екипа за шоуто.

„Фенди претставува занаетчиски квалитет од највисок ред, и сè е во врска со семејството“, изјави Џонс. Опкружен сум со силни, моќни жени кои ги сакам и почитувам и кои сакаат да ја внесат својата енергија во она што го работам “.

Списокот со модели го затвори актерката Деми Мур, која на пистата беше непрепознатлива зашто претерала со естетските операции.

Според Џонс,главната инспирација за колекцијата бил романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, од 1928 година, кој исто така ја инспирирал изложбата на Институтот за костуми на Музејот на Метрополитен во 2020 година „About Time: Fashion and Duration “.

Десетминутната ревија имаше низа тоалети достојни за црвен тепих, како и повеќе лежерни костуми, кои Џонс ги дизајнираше откако ја набљудуваше „реалноста на она што го носат жените околу него“, според Вог. Нијанси на сива, сребрена, црна и бела боја доминираа во колекцијата.

Со оглед на тоа што неговата цел беше да дизајнира колекција „реактивна на времето во кое живееме“, пригушениот тон се чувствуваше посоодветно, како и спората, лежерна атмосфера на дебито на Џонс. (Рафинери29)