Фејсбук: Преку Ватсап разменети 1,4 милијарди пораки и повици за Нова година


Рекордни една милијарда и четиристотини милиони разменети пораки и повици биле забллежани на новогодишната ноќ преку Ватсап, објави компанијата којашто е во сопственост на Фејсбук. Тоа е за 50 отсто повеќе од претходната година.

Техничката менаџерка на Фејсбук, Кејтлин Бамфор потврди дека во текот на целата година компанијата бележи пораст на аудио, видео и пишаните пораки на Твитер, Инстаграм и Месинџер, односно на сите социјални мрежи. Една од причините за тоа е социјалната оддалеченост и одвојувањето на луѓето поради корона-пандемијата.

Забележан е и рекорден број видеоврски меѓу корисниците на Фејсбук за новогодишната ноќ – дури 55 милиони видеоповици.