Фејсбук нема повеќе да ги отстранува објавите дека короната е створена во лабораторија
Фејсбук повеќе нема да ги забранува објавите на теории кои тврдат дека Ковид-19 е вештачки створен, во момент кога САД повторно расправаат за хипотезата според која корона вируспт побегнал од лабораторија во Кина.
„Во светло на истрагите кои се водат за потеклото на Ковид-19 и во договорот со здравствените стручњаци, повеќе нема да ги отстрануваме од нашата платформа објавите за тоа дека Ковид-19 го створил човекот и дека е произведен во лабораторија“, истакна во средата калифорниската групација на својата мрежна страница.
Оваа друштвена мрежа, која ја користат околу 3,45 милијарди луѓе, на најмалку една од своите четири платформи (Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и Ватсап) постапува спротивно од поранешните правила за дезинформирање во време на Ковид-19, кои уште во февруари беа актуелизирани.
Твитер не го промени правилото
Од друга страна, Твитер, не ги промени правилата за дезинформирање во врска со Ковид-19.
Пресвртот кај Фејсбук поттикна бројни реакции на конзервативците и приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои ги обвинуваат социјалните мрежи дека ги замолчувале кога на почетокот на пандемијата истакнувале дека Ковид е вештачки створен.
„Една година ги отсрануваа наводите клеветејќи го Трамп и републиканците поради „теории на заговор“, ставајќи ги на црна листа конзервативните медиуми и забранувајчи не нас“, овјаи на Твитер блогерката Кели Седлер, поранешна советничка на Доналд Трамп.