ФБИ: Се чини дека имаше обид за атентат врз Трамп

Доналд Трамп бил оддалечен помеѓу 250 и 350 метри од осомничениот. „Но, со пушка и таков опсег, не е голема далечина“, беше кажано на прес- конференцијата


Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден откако неколку истрели беа испукани во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида.

Истрелите дошле преку теренот за голф, велат изворите. Кампањата на Трамп претходно соопшти дека поранешниот претседател е безбеден по пукањето, но не беа објавени детали.

ФБИ соопшти дека се чини дека Доналд Трамп бил цел на обид за атентат во неговиот голф клуб во Флорида.

Човекот кој беше приведен по пукањето во близина на Доналд Трамп бил „релативно мирен“ кога бил приведен, изјави шерифот Вилијам Снајдер.

„Тој не покажа многу емоции. Тој не праша: За што се работи?“, рече шерифот.

Снајдер рече дека осомничениот не бил вооружен кога го извадиле од автомобилот.

Доналд Трамп бил оддалечен помеѓу 250 и 350 метри од осомничениот. „Но, со пушка и таков опсег, не е голема далечина“, беше кажано на конференцијата.

Локалниот шериф на прес-конференција рече дека во грмушките каде што бил забележан осомничениот била пронајдена пушка „АК-47“, два ранци и камера „ГоПро“.

Шерифот Рик Бредшо вели дека агент на Тајната служба успеал да забележи цевка од пушка како излегува од оградата и „остварил контакт“ со осомничениот.

Кандидатот на Трамп за потпретседател, Џеј Ди Венс, вели дека разговарал со Трамп по пукањето.

„Мило ми е што претседателот Трамп е безбеден. Зборував со него пред да се објави веста и тој беше, неверојатно, во добро расположение. Има уште многу што не знаеме, но вечерва ќе ги прегрнам моите деца поцврсто и ќе кажам молитва за благодарност“, напиша тој на X.

 
Повеќе на истата тема: 

 

Американски медиуми: Престрелка во близина на Доналд Трамп, тој е безбеден и не бил во опасност
По драмата на Флорида и пукањето, се јави и Трамп: „Сакав прво да го слушнете ова…“