Факултетот за безедност не доставил список, затоа студенти останаа без субвенции за оброк


Студенти од Факултетот за безбедност реагираат дека месецов не добиле пари за субвенциониран студентски оброк иако исполнуваат услови.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека овој месец, овие студенти, не ги добиле парите за субвенциониран студентски оброк, затоа што Факултетот за безбедност не доставил список на студенти кои треба да примат субвенции за студентски оброк.

-Факултетите се должни секој месец да достават до министерството список на студенти кои треба да примат студентски оброк. Зошто секој месец? Затоа што бројот е променлив. И тие тоа редовно го прават, имаат можност од 1-ви до 20-ти во текот на месецот да го достават бројот на студенти. Во овој случај, Факултетот за безбедност не доставил список и Министерството нема начин, нема ни законско право да направи било што поинаку од она што го предвидува законот. Во претходните две години имавме два такви случаи, па факултетите каде се случи ова се научија да го почитуваат законот, рече Јаневска.

Порача дека одговорноста е кај факултетот и тој треба да го реши проблемот.