Фајзер и Модерна ги објавија состојките на вакцината
Фармацевстките компании Фајзер и Модерна ги сооптшија состојките во нивните вакцини, со цел да се спречат дезинформациите за вакцината против Ковид-19.
Активната состојка на двете вакцини се модифицирани делови на вирусниот генетски материјал, познат како мРНК, што на организмот му служи како „генетска вреќа за удирање за да наичи како да се бори против протеинот кој и помага на корона вирусот да направи инвазија во нашите клетки“.
Во исто време е и мешавина од шеќер, маст и сол, кои треба да го ублажат ефектот на вакцината врз телото.
Вакцината на Фајзер се состои од модифицирана низа информациски РНК, потоа соединенија на липиди, калиум-хлорид, монокалиум-фосфат, натриум-хлорид (кујнска сол), динатриум-фосфат и сахароза.
И вакцината на Модерна има модифицирана низа информациски РНК, а состојките се липиди, трометамин-тимонометан, трометамин-хлорохлорид, ацетна киселина, натриум-ацетат и сахароза (шеќер).