Евровизиските победници „Манескин“ на топ 10 листата на синглови во Британија


Англија– Победниците на Евросонг 2021 во Ротердам Менескин, влегоа во топ 10 листата на синглови во Велика Британија. Италијанските глам-рокери се искачија на седмото место со песната I Wanna Be Your Slave.

Тие победија на натпреварот од минатиот месец со песната Zitti e Buoni, која  е најголем хит од Евросонг по девет години. Песната  се искачи на 17-тото место во Велика Британија по нивната победа. Последниот победник на Евровизија кој влезе во топ 10 беше шведската претставничка Лорин, чија победничка мелодија „Еуфорија“ достигна број три во 2012 година.

Синглот на американската поп-пејачка Оливија Родриго, Good 4 U, остана на првото место четврта недела по ред.

„Одамна се очекуваше дека рокот еден ден ќе се врати на Официјалната табела за синглови, но малкумина очекуваа дека ќе биде пионер од поранешна актерка на каналот Дизни и настап на Евровизија“, рече шефот на табелата Мартин Талбот.

„Но, тоа се чини дека се случува, благодарение на Оливија Родриго и италијанскиот победник на Евровизија Менескин.

Кога го собраа својот евровизиски трофеј во Ротердам, фронтменот на Менескин, Дамиано Давид, изјави: „Рокенролот никогаш не умира“.(Би-Би-Си)