Евровизискиот спот на Гарванлиев во фокусот: Уметничко дело на Жанета Вангели го смешаа со бугарско знаме
Кадар од спотот за евровизиската песна на Васил Гарванлиев “Here I stand“ снимен во Даут пашин амам во Скопје предизвика негативни реакции во јавноста. Во кадарот е фатена уметничка слика која наликува на вертикално поставено бугарско знаме.
Станува збор за делото на Жанета Вангели “Омаж на Андреј Рубљов” од 1995 создадено во комбинирана техника на иверка со големина од 210х275 сантиметри.
Сликата на истакнатата македонска уметница Вангели е дел од Постојаната поставка
на Националната галерија на Македонија, изложена во објектот Даут-пашин амам.
Гарванлиев кој е годинашен наш претставник на Евросонг кој се одржува од 18 до 22 мај во Ротердам, Холандија за македонските медиуми изјави дека некој намерно прави скандали без потреба.
