Европскиот Совет постигна договор за номинациите
Лидерите на земјите членки на ЕУ се договорија да ја номинираат сегашната германска министерка за одбрана, Урсула Фондер Лајен за претседателка на Европската Комисија, јави дописничката на МИА.
Сегашниот шпански МНР, Јосеп Борел е номиниран за висок претставник за надворешна политика на ЕУ, поранешната француска министерка за финансии, Кристин Лагард за претстедателка на Европската централна банка, додека пак Шарл Мишел, сегашниот премиер на Белгија е назначен за претседател на Европскиот Совет, потврди Доналд Туск на Твитер.