Европскиот парламент бара сите земји да придонесат за финансирањето на климатските акции
Европскиот парламент ги усвои денеска барањата за конференцијата на Обединетите нации за климатски промени КОП29 за да се дефинира новата заедничка цел за финансирање акции за борба против климатските промени.
За резолуцијата, која ја подготви Комисијата за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна, гласаа 429 пратеници, 183 беа против, а 24 беа воздржани.
Во Резолуцијата се повикуваат сите земји да постигнат договор за нова колективна цел за финансирање на климатските акции по 2025 година, која ќе биде усогласена со принципот „загадувачот плаќа“ и ќе се заснова на различни јавни, приватни и иновативни извори на финансирање.