Еволуцијата не е сопрена: Се раѓаме без умници, а имаме и артерија повеќе


Новите истражувања покажуваат дека луѓето сѐ повеќе се раѓаат без умници и со една артерија на рацете повеќе, што е резултат на човековата микроеволуција.

Многумина сметаат дека луѓето престанале да еволуираат, но истражувањата покажуваат дека всушност еволуираме побрзо отколку во последните 250 години, со што се сложува докторката Теган Лукас од австралискиот Универзитет Флиндерс.

Со време, човековото лице стана помало, со помалку простор за забите, и бебиња често се раѓаат без умници и со дополнителна артерија на подлактицата, како и со повеќе коски на нозете и стапалата.

Артерија медијана на раката се формира во утробата, но инаку настанувала по раѓањето, а дополнително би се развиле артериите за палецот и лакотната артерија. Денес, еден од три луѓе имаат средна артерија (артерија медијана) до крајот на животот и таа не претставува здравствен проблем туку го зголемува дотокот на крв во раката.

Истражувањето се вршело со следење на процентите на задржување делови од човековото тело низ генерациите и со сецирање на сочувани тела на луѓе кои се родени во 20 век.