Еве зошто се разведуваат Џо Џонас и Софи Тарнер
Лос Анџелес- Веројатно на сите им е јасно зошто кон средината на август, по седум месеци неуспешно чекање купувач, американскиот пејач Џо Џонас ја намали цената на вилата во Мајами, која неодамна ја купи со сопругата, британската актерка Софи Тарнер за дури два милиони долари. Имено, пејачот не сакал да поднесе барање за развод додека луксузниот имот сè уште бил на маса, бидејќи во тој случај би навлегол и во масата на брачните средства што бившите сопружници треба заеднички да ја поделат, а во тој случај распродажбата можеби немаше да биде ни толкубрзо, па вилата долго време ќе беше празна.
Веста за разводот на популарната 34-годишиот пејач и 27-годишната актерка која се прослави со една од главните женски улоги во мегапопуларната телевизиска серија „Игра на тронови“ го изненади светот, бидејќи сопружниците, барем во јавноста, оставаа впечаток на хармоничен пар. А минатата година тие станаа родители на нивната втора ќерка, чие име се уште не го објавија, па во барањето за развод што Џо Џонас ја поднесе во Мајами се споменуваат само нејзините иницијали Д.Ј.
Познавачите на состојбите во нивните четири ѕида не се изненадени од ваквиот развој на ситуацијата, бидејќи сопружниците, тврдат, цело лето го поминале одвоени. Додуша поради работа, затоа што Софи Тарнер од мај снима нова серија во Англија, а ќерките останаа дома со татко им, кој ги носи со себе на настапи на подалечни дестинации, ако не стаса на пристојно време за враќање дома.
Неговите пријатели тврдат дека Џо Џонас е „куќна мачка“, која сака повеќе од се да одржува се во ред дома и дека семејството му е главен и несомнен приоритет. Поради ова, тој и замерил на сопругата што не го користи секој слободен ден на сетот за да се врати дома и да поминува време со ќерките и со него, туку често се забавувала низ Лондон со екипата од сетот.
Тоа не беше ненадејна и импулсивна одлука, туку долго време се крчкаше во Џонас и конечно реши да заврши се“, велат неговите пријатели кои сакаа да останат анонимни. Тврдат дека поранешните сопружници лесно ќе се договорат за поделбата на имотот, бидејќи имаат цврст и јасен предбрачен договор. што доброволно го потпишале, а Џо Џонас сака да го преземе старателството над девојчињата, тој нема да бара од мајка им изддршка, а Софи Тарнер ќе може да ги види кога таа сака.