Еве зошто не треба да убивате пајак ако видите еден во вашиот дом

Иако воопшто не е пријатно да ги гледате во вашиот дом, експертите советуваат дека никогаш не треба да ги убиваме.
Да се види пајак како шета по вашиот ѕид воопшто не е пријатно, но научниците предупредуваат дека, колку и да ви изгледа нелогично или страшно, не треба да ги убивате.
Како што објави IFL Science, пајаците имаат многу голема и важна улога во природата и се дел од внатрешниот екосистем. Оние на кои наидуваме во нашиот дом не се опасни или отровни, напротив, тие можат да се ослободат од други штетници.
Научници од Северна Каролина спроведоа истражување на околу 50 домови за да откријат какви видови пајаци живеат во домовите на луѓето и колку често се наоѓаат. Резултатите покажаа – буквално во секоја куќа! Тие прават мрежа во аголот од собата и чекаат да се фати пленот – бубачки и инсекти што пренесуваат болести.
Покрај тоа што ве спасуваат од други штетници, научникот Мартин Нифелер откри дека пресметките ја покажуваат глобалната важност на пајаците во намалувањето на популациите на инсекти и одржувањето на природната рамнотежа.
Заклучокот е дека ако се намали бројот на пајаци, ќе се зголеми бројот на инсекти кои вообичаено се нивна храна и кои, важно е да се нагласи, се многу поштетни и поопасни.