Евакуација на Сиднејската опера, истекува гас
Локалните медиуми во Австралија, јавија дека евакуирана е Сиднејската опера, додека околните улици се затворени, поради истекување на гас во зградата на операта.
Евакуирани се околу 500 луѓе од операта и од околните улици. На местото на настанот веднаш пристигнаа противпожарни екипи и спасувачки тимови.
На терен е и компанијата која обезбедува гас, и нивните членови заедно со пожарникарите се обидуваат да го откријат изворот на протекување. Исто така, константно се мери нивото на гас во воздухот.