ЕУ вонредно расправа за новиот вид на корона вирусот од Велика Британија


Европскиот Совет денеска организира видео расправа со 27-те земји-членки на ЕУ за ситуацијата и новите мерки во врска со информациите за новиот вид коронавирус што е откриен во Велика Британија.

Иако во петокот ЕУ институциите во Брисел и официјално ги почнаа празничните одмори, а повеќето претставници на ЕУ и дипломати заминаа во своите домови, ситуацијата со ширењето на новиот вид корона вирус во Велика Британија предизвика загриженост и вонредни консултации во рамките на ЕУ 27.

Како и на почетокот на првиот бран од пандемијата со Ковид-19, некои земји-членки реагираа независно на новите лоши епидемиолошки вести и ги затворија своите гаранции за патниците од Велика Британија.

Белгија, како седиште на ЕУ, ги суспендира сите летови од Велика Британија, како и директната железничка линија со Лондон.

Италија и Холандија, исто така, го прекинаа воздушниот сообраќај со островот, а истите мерки ги презедоа Франција и Германија.