ЕУ секавично се затвора за новиот коронавирус од Африка
Европската унија се обидува веднаш да ги прекине воздушните врски со неколку земји во јужна Африка поради нова варијанта на коронавирусот, што предизвика сериозна загриженост во последните часови поради десетици необични мутации. Заради B.1.1.529 се одржува вонреден состанок на специјалниот комитет на Светската здравствена организација за еволуцијата на Ковид 19, а научниците се обидуваат да откријат дали и колку брзо се шири, а особено дали може да го заобиколи имунолошкиот одговор на вакцинираните и болни луѓе.
Сите земји кои сè уште ги прибираат своите граѓани од оваа област подлежат на задолжителен 14-дневен карантин. Според властите во Преторија, ваквата реакција во странство е избрзана.
Обединетото Кралство, Израел, Италија и Сингапур веќе ги суспендираа летовите до и од Јужноафриканската Република, Боцвана, Мозамбик, Намибија, Лесото, Есватини (Свазиленд) и Зимбабве, и не дозволуваат транзит на патници кои доаѓаат од овие земји. Индија и Јапонија воведоа зголемено тестирање на аеродромите.
Германија најави дека ќе ги земе само своите граѓани од областа. Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, на Твитер напиша дека ќе им понуди на земјите-членки активирање на т.н. итна сопирачка за итно исклучување на одредена проблематична област во светот.
Британската агенција за здравствена безбедност објави дека Б.1.1.529 има двојно повеќе мутации од делта варијантата на Ковид 19 и дека ова е „најважната варијанта досега“. Причината е што од приближно 40-те пронајдени мутации, 32 се во спајк протеинот, што го прави „драматично различен“ од варијантата на коронавирус врз основа на која се развиени вакцините. Според првичните извештаи од Јужна Африка, еден од ПЦР тестовите сигурно ја открил оваа варијанта.
Досега не е пријавен случај во Обединетото кралство, но здравствените советници и препорачаа на владата да преземе драстични рестриктивни мерки, барем додека не се соберат повеќе информации за B.1.1.529, што може да потрае со недели. Јужна Африка беше извадена дури на 11 октомври од т.н црвена листа за влез во Обединетото кралство, што значи дека се дозволени пристигнувања и на вакцинирани без да мора да бидат ставени во карантин во хотел одреден од властите.
Поради ширењето на коронавирусот тргувањето на азиските берзи заврши со најлош резултат во последните три месеци, а берзите ширум светот реагираа со распродажба на акциите и пониски цени на нафтата пред изгледите непосредно пред божиќните празници во светот повторно да прекинат патувањата, да се затворат границите и да се блокира нормалниот живот. „Луѓето реагираат на овој начин на неизвесноста – прво пукате, а потоа прашувате“, изјави за Ројтерс Раи Атрил од една од најголемите банки во Австралија.
Најверојатно, B.1.1.529 наскоро ќе биде именуван по грчката азбука, слично на индиската верзија Делта, додека научниците се обидуваат да ги разјаснат ефектите од промените.
Досега во Јужна Африка се потврдени најмалку 50 случаи, но научниците сугерираат дека реалниот број на носители е многукратно поголем и тие се во сите провинции на републиката. Првиот случај е во провинцијата Гаутенг – најгусто населената и економски најразвиена во земјата со административен центар Јоханесбург. Повеќе од 10 милиони луѓе живеат овде.
Во четвртокот вечерта, научниците го опишаа B.1.1.529 како најлошото сценарио од почетокот на пандемијата што може да ја зголеми способноста на коронавирусот да ги инфицира клетките и да се шири, а од друга да го комплицираат нападот на овој патоген од страна на имуните клетки на човечкото тело.
Вакцините речиси сигурно ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта на коронавирусот што се шири од Африка, изјави за Би-Би-Си професорот Џејмс Нејсмит, биолог од Универзитетот во Оксфорд.
– Тоа е лоша вест, но не е крај на светот, рече Нејсмит, додавајќи дека вакцината ќе биде ефикасна до одреден степен, но веројатно помалку ефикасна отколку што беше кај претходните варијанти.
Нејсмит во интервју за Би-Би-Си додаде дека големиот број мутации забележани во новата варијанта може да сугерираат дека се работи за позаразен вид.Но, биологот наведува дека нивото на зараза со вирусот не е толку едноставно и зависи од тоа како функционираат мутациите заедно.Доколку новата варијанта се прошири побрзо, несомнено ќе стигне и во Велика Британија, рече тој, додавајќи дека забраната за летови од Јужна Африка и соседните земји ќе го одложи пристигнувањето на новата варијанта за неколку недели.Но, Нејсмит вели дека не треба да се очајува. Вакцините ќе имаат одреден ефект врз новата варијанта, а се појавуваат и нови лекови кои речиси сигурно нема да бидат засегнати од мутациите во новата варијанта, пренесува Би-Би-Си.